фото: Фејсбук

Со одоговорни и навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните со најмало поскапување на струјата од 9,48 процента, истакна на денешната прес конферениција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додaде дека ширум светот расте цената на струјата поради глобалната енергетска криза, во Италија на пример цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти.

Кузеска истакна дека за дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања во буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите семејства.

Со 60 милиони денари финансиска помош 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Кузеска наведе дека растот на економијата е над 4%, приходите се зголемени што докажува дека економските мерки коишто ги реализираше Владата предводена од СДСМ дадоа резултат.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи ќе продолжи со носење и реализирање мерки и политики кои се со цел ублажувње на последиците од кризата, а воедно и го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните, изјави Кузеска.