Фото: Влада

Владин тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски денеска заминува во официјална посета на Софија, каде што утре ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија. Се очекува македонската делегација да биде пречекана од бугарскиот премиер Кирил Петков на плоштадот „Свети Александар Невски“ во 16 часот.

Предвидено е заедничката седница да се одржи утре во резиденцијата „Бојана”, како и да бидат потпишани еколку билатерални документи.

Заедничката седница следува по минатонеделната официјална посета на Петков на Скопје, кога беше договорено формирање на работни групи од двете страни.