Точно е дека универзалниот и општоприфатен принцип во меѓународното право (а и во внатрешните права на државите), како што е „принципот на почитувањето на достоинството на граѓаните“, е еден од темелите на утврдениот меѓународен поредок. Но тоа ни од далеку не значи дека Софија може истиот тој принцип да го извртува и искривоколчува, на тој начин што под чадорот на граѓанство (според граѓански концепт за држава), во категоријата „граѓани“ ја става македонската нација, односно државотворниот народ го релативизира изедначувајќи го со сите етнички групи од Македонија во категоријата – граѓани?! На тој начин, користејќи го како правен „штит“ принципот на „почитување на граѓаните“ како формула за решавање на спорот, тие на мала врата, низ еден меѓународноправно признаен и легитимен граѓански концепт, ја деноминираат македонската нација, од народ во граѓанство, изедначувајќи ја со другите малцинства (граѓани) што живеат во Македонија. Во основа, на таквиот начин Софија сака национално да ги денатурира Македонците, односно македонската нација, која е носителот на државноста на Македонија, и според граѓански концепт, сите граѓани да бидат носители на државноста. Тоа, според добрите познавачи на меѓународното право, е подмолен удар врз карактерот на државата и Уставо

Стапицата на новиот бугарски предлог за
решавање на македонско-бугарскиот спор

Патот на Македонија кон Европската Унија и понатаму е блокиран од бугарското вето, со што се оневозможува започнувањето на преговорите со Брисел. Решавањето на проблемот, кој беше наметнат од Софија, е еден од клучните проблеми со кои се соочува нашата влада, како и целото македонско општество. Македонскиот политички врв образложи дека сериозно ѝ пристапува на бугарската блокада, а од македонската влада соопштија дека проблемот со Софија ќе го решаваат, според една новопредложена формула, односно врз принципот на почитување на достоинството на граѓаните и нема да се отстапува од идентитетот како што е впишан во Обединетите нации. Експертите велат дека формулациите – достоинството на граѓаните и идентитетот како што е во Обединетите нации се премногу воопштени и растегливи, со што се релативизираат македонските национални особености и интереси.

Достоинството на македонските граѓани и достоинството на Македонците
се две различни нешта

Точно е дека универзалниот и општоприфатен принцип во меѓународното право (а и во внатрешните права на државите), како што е „принципот на почитувањето на достоинството на граѓаните“ е еден од темелите на утврдениот меѓународен поредок. Но тоа ни од далеку не значи дека Софија може истиот тој принцип да го извртува и искривоколчува, на тој начин што под чадорот на граѓанство (според граѓански концепт за држава), во категоријата „граѓани“ ја става македонската нација, односно државотворниот народ го релативизира изедначувајќи го со сите етнички групи од Македонија во категоријата – граѓани?!
Во преамбулата на македонскиот устав јасно се определува дека под македонски граѓанин се подразбира првенствено македонскиот народ, па потоа дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите.
Затоа познавачите на околностите со кои се консултиравме велат дека формулацијата – достоинството на граѓаните е премногу воопштена, ако се земе предвид дека бугарската држава не го нарушува достоинството на сите македонски граѓани бидејќи не ги негира националните особености на Албанците, Србите, Власите и другите национални заедници што живеат во Македонија.
На тој начин, официјална Софија, користејќи го како правен „штит“ принципот на „почитување на граѓаните“ како формула за решавање на спорот, на мала врата, низ еден меѓународноправно признаен и легитимен граѓански концепт, ја деноминира македонската нација, од народ во граѓанство, изедначувајќи ја со другите малцинства (граѓани) што живеат во Македонија. Во основа, на таквиот начин Софија сака национално да ги денатурира Македонците, односно македонската нација, која е носителот на државноста на Македонија, и според граѓански концепт, сите граѓани да бидат носители на државноста. Тоа, според добрите познавачи на меѓународното право, е подмолен удар врз карактерот на државата и Уставот.
Во суштина, бугарската политичко-општествена елита ги негира македонските национални особености – јазик, историја, култура, обичаи и др. Бидејќи се доведува во прашање постоењето на повеќевековните македонски особености, експертите посочуваат дека наметнатиот спор треба да се решава врз принципот на почитување на достоинството на Македонците, односно признавање на македонскиот народ и тоа децидно треба да го искаже бугарската страна!

Да не се отстапува од македонскиот националниот идентитет што е создаден низ вековите

Формулацијата дека нема отстапување од идентитетот како што е впишан во Обединетите нации е проблематичен за познавачите на состојбите. Во профилот на македонската држава во ОН, националноста гласи: Македонец/државјанин на Република Северна Македонија. Оваа формулација е концизна и се однесува за сите жители на македонската држава.
Но бугарската политичко-општествена елита не го негира само идентитетот на Македонците од Македонија, напротив го негира идентитетот на сите Македонци без разлика каде живеат во светот, вклучувајќи го и националниот идентитет на македонските малцинства во Албанија, Србија, Бугарија и Грција.
Познавачите велат дека не треба да се отстапува од македонскиот идентитетот онака како што е формулиран во Меморандумот на МАНУ; МПЦ-ОА и УКИМ, кои потоа беше преточен во резолуција. која беше усвоена во македонското собрание. Имено, „македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурна посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.“ Затоа македонската страна треба да се стреми кон заштита на националниот идентитет на сите Македонци без разлика во која држава живеат.
За оваа проблематика, истакнатиот американски филозоф и политиколог Френсис Фукујама во своето интервју за Радио Слободна Европа изјави дека една земја, поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет на поинаков начин, со поинаков историски наратив од оној во Бугарија. Според Фукујама, сите луѓе треба да бидат слободни да си го одредат својот сопствен наратив и тоа да не биде диктирано од други земји, од други поголеми земји што сакаат да им кажат различни приказни.