Фото: Макфакс

Првиот вицепремиер Артан Груби на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел кој допатува во еднодневна посета на земјата.

Груби вели дека посетата на Мишел е од големо значење.

– Посетата ја потврдува поддршката и посветеноста на Унијата за деблокирање на интегративниот пат на нашата земја, обезбедувајќи ја содржината на исправноста и рационалноста на францускиот предлог за спорот со Бугарија. Оваа поддршка треба да биде дополнителен мотив да размислуваме и да донесеме правилна одлука за европската иднина на земјата – порача Груби.

Мишел ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.