Европската перспектива на Македонија станува еден од најголемите предизвици за Бугарија и бугарската влада во областа на надворешната и европската политика, напиша на Фејсбук потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, додавајќи дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за ова прашање.

Одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес, смета Вивегин, наведувајќи дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот на Бугарија е добра можност да се добијат нови информации и да се споделат политичките ставови за следните чекори.

Вигенин се надева дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум за да не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија или меѓу коалиционите партнери.