Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја оцени вчерашната посета на Скопје како огромен успех, истакнувајќи ја во прв план добиената нота со која се потврдува дека и краткото и долгото име за Македонија се подеднакво валидни.

– Ние подадовме рака со тоа што отидовме таму први, а од друга страна тие ни дадоа нота која се надевавме дека ќе ја добиеме пред две години. Таа нота е многу поважна од кусото и долгото име и покажува дека Република Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Ја добивме затоа што направивме нов пристап – порача Петков пред новинарите во Софија.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера истакна дека Македонија испратила вербална нота до Обединетите нации, во која изречно потврдува дека двете имиња (краткото и долгото) се подеднакво валидни и оти со употребата на краткото име земјава никакви територијални претензии.