Фото: Маја Јаневска-Илиева

На пратениците им е дадена пауза од половина час од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој повика на координација за завршниот дел од собраниската седница, по кој треба да се гласа за новиот владин состав.

Собраниската расправа за избор на нова влада почна вчера, со што за изборот на владиниот состав ќе се гласа најдоцна до полноќ. За избор на Владата треба да се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.