Фото: Игор Бансколиев

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас ја повтори цврстата позиција на Грција, Македонија и Албанија да ги одржат првите меѓувладини конференции со ЕУ, по средбата со неговата колешка од Косово Доника Гервала – Шварц.

– Ја повторив цврстата посветеност на Грција за интеграција на Западен Балкан онаму каде што припаѓа, во европското семејство, потенцирајќи ја цврстата позиција за организирање на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија – рече Дендијас.

Тој порача дека разговорите биле фокусирани на европската перспектива на регионот, ситуацијата на Западен Балкан, можностите за енергетската соработка, како и на билатералните односи.