Фото: Амбасада на Франција во Македонија/Твитер

Сакаме да направиме сè што ќе помогне за да подобрување на состојбата со цел да се придвижат позициите. За да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија, изјави амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер на денешната прес-конференција, претставувајќи ги програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на ЕУ.

Тој се осврна и на улогата што Франција може да ја одигра во преговорите меѓу Скопје и Софија.

– Прашањето за посредништво денес не е на маса од повеќе причини, бидејќи не е потребно посредништво и не треба трета страна, оти двете страни треба да се договорат за воспоставување на дијалог. Единствено посакуваме да бидеме корисни колку што можеме за да можат да се испорачаат резултати за оваа важна земја – додава францускиот амбасадор, додавајќи дека претстојната посета на бугарскиот премиер Петков на Македонија е охрабрувачка.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, пак, посочи дека ништо не е променето и оти односите со Западен Балкан и Македонија остануваат во иста рамка за стабилизација и асоцијација.