Парламентарното претседателство ќе засега на иницијатива на претседателот на Собранието Талат Џафери, за да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по прекинот на синоќешната седница без да биде донесен петтиот сет на антикризни мерки.

На состанокот на претседателството, согласно законот, ќе присуствуваат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

На вчерашната седница Џафери најави дека ќе побара карантин за Собранието.