Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го прими министерот за здравство на Република Косово, Арменд Земај.

На средбата стана збор за заеднички теми и интереси за подобрување на здравствената состојба и меѓусебната професионална комуникација во полза на стабилноста и одржлива состојба имајќи ја предвид ситуацијата со пандемијата и огромниот удар што го нанесува на здравствените и економските системи на сите држави. Само со заедничко и усогласено дејствување на сите фактори ќе може да се надмине здравствената криза со која се соочува светот.

Претседателот Џафери, меѓу другото, се заложи за преземање чекори за олеснување на движењето на граѓаните од двете земји почитувајќи го притоа мислењето на професионалните тела. Тој истакна дека Република Северна Македонија го поздравува потпишувањето на договорот за економска соработка, кој беше потпишан во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија.

Двајцата соговорници потврдија дека соработката е на завидно ниво и меѓу двете соседни земји постои успешна билатерална комуникација, доверба и блиски политички односи. Тие оценија дека и понатаму треба да се продолжи со вложување во идната соработка, која има силен потенцијал да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија и Република Косово