Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска имаше средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупција.

Во име на Државната комисија за спречување на корупцијата, претседателката Билјана Ивановска на Џафери му ја предаде Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси (2020 – 2024) со Акционен план за нејзино спроведување.

За Националната стратегија, како што информираше претседателот Џафери, парламентарниот состав ќе расправа веднаш штом за тоа бидат исполнети предвидените услови со Деловник.

– Претседателот Џафери ги охрабри членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата да продолжат со бескомпромисната борба против корупцијата. Тоа, нагласи тој, е предуслов за создавање успешна, демократска и правна држава – соопштија од собраниската прес-служба.