Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска се сретна со својот грчки колега, Николаос Вуцис, претседател на Парламентот на Грција.

Двајцата претседатели разменија мислења околу отпочнувањето на парламентарна соработка меѓу двата Парламента, како на ниво на претседатели, така и на ниво на парламентарни групи за соработка.