Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладне ќе ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17 октомври.

Дел од партите веќе излегоа со свои кандидати и најавија соработки за претстојните локални избори.

СДСМ ќе коалицира со ДУИ, БЕСА и ДПА. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе излезе со нови кандидати.

Сите кандидати конечно ќе бидат објавени во септември.