Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бучковски за МИА

Македонската работна група ќе ги разгледа коментарите кои стигнаа од Бугарија за македонскиот предлог акциски план и ќе биде изградена јасна позиција, истакна специјалниот пратеник за Бугарија Владо Бучковски, за МИА.

Тој моментно се наоѓа во посета во Бугарија, каде што вчера имаше средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерија Захариева, која му даде Акциски план, кој допрва треба да биде разгледан од македонските власти.

– Мојата улога како специјален претставник произлегува од напорите на македонската Влада да постигне решение во билатералниот спор со Бугарија и со тоа да се отстранат пречките за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ – кажа Бучковски за МИА.