Јетон Шаќири е предложен за министер за информатичко општество и администрација, потврдија од ДУИ.

Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга.

По изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, се очекува во наредните денови да биде закажана седница на која ќе биде избрана новата влада.