Фото: Игор Бансколиев

По барање на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците, се со цел да се отстранат сите можности за било какви неправилности во однос на резултатите од избориве – изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

– Имаме сознанија дека бројките од резултатите внесени во системот на ДИК не соодветствуваат со точните бројки внесени во официјалните записници. Бидејќи официјални првични резултати нема, а и страната на ДИК не е достапна, правиме преглед на записниците од гласањето во нашиот Републички изборен штаб.

За секој обид за нарушување на правдата и секоја правна нерегуларност ќе има одговорност.

Очигледно дека власта на Заев не се откажува и покрај загубената доверба од народот. Тие сакаат да ја украдат волјата на народот, но ние ќе се бориме за правда, за народната волја и слобода.Во моментов сите опции се отворени, и по завршувањето на пребројување ќе ги соопштиме нашите следни чекори – додаде тој.