ВМРО-ДПМНЕ денес по третпат го подига гласот против осиромашувањето на граѓаните, кое го носи оваа власт на Заев преку поскапувањето на струјата. Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4%, со што директно удира врз стандардот на граѓаните.

Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови избегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за оваа нерационална одлука, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Регулаторната комисија е само обична маша во рацете на власта на Заев. Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат, а целта е јасна да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компании со пари од џебот на граѓаните.
– Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисија за финансирање и буџет во Собранието за поскапување на цената на електрична енергија во услови на економска криза. На оваа надзорна расправа ќе побараме да се разгледа начинот на работа на Регулаторната комисија за енергетика, но и начинот на кој се носат ваквите штетни одлуки по стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека оваа комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган, туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на комисијата, Марко Бислимоски, е член на СДСМ, дел од партиското раководство кој е сликан на партиски настани и во партиски простории, кој сега на јавноста ѝ се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација која народот скапо ја чини.

Оттука, ВМРО ДПМНЕ и на надзораната расправа ќе побара оставка на Регулаторната комисија и поништување на одлуката за поскапување на цената на струјата за 7,4%.Премногу долго Заев и власта го лажат и крадат овој народ, го осиромашија до коска, додека нивните бизниси цветаат, а личните богатства растат. Стоп за мафијата – додаде тој.