Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по објавата на фејсбук статусот на поранешниот премиер Никола Груевски реагираше на својот профил на оваа социјална мрежа.

– Кога си далеку од проблемите, на 800 километри од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото – напиша Јанкулоска на својот Фејсбук профил.