За иднината на СЈО не може да преговара лице против кое има истраги, порача специјалната обвинителка Катица Јанева и додаде дека има информации според кои новиот закон за обвинителство ќе биде донесен наскоро.

-Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа ќе се надмине. Не може да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност, или за било кое прашање порзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски кој многу се занесува во своите изјави- рече Јанева.

Јанева додаде и дека додека трае истрагата за новообјавените прислушувани разговори, таа не може да потврди дали излегле од СЈО, но дала налог и да се истражат „бомбите“ што ги објавува лицето со прекар Ел Чека.

– Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори- рече Јанева.