Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, изјави портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката ТВ Алфа.

– Што правиш кога треба да решиш еден билатерален проблем? Се договараш за еден правно обврзувачки текст што ги опишува обврските на двете страни. Односно, грчката страна ќе го признае соседот под името што ќе биде договорено, а соседот ќе се согласи. За грчката страна да го признае ова име и да преземе конкретни обврски една од нив ќе треба да е, како што многупати имаме јасно кажано, е промена на уставното име. Поранешната југословенска Република Македонија ќе ја преземе правната обврска да го промени уставното име, доколку сакаме да стигнеме до решение – рече Ѕанакопулос.