Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн ќе престојува во посета на Македонија.

Тој, меѓу другото, ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.