Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во среда ќе престојува во работна посета на земјава, во чии рамки ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Како што информираат од МНР, министрите Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.

Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу Германија и Македонија и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.