Убедена сум дека на референдумот мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Ја имаме, нагласува, историската шанса, но ја носиме и историската одговорност.  

Според Шекеринска, поважен е односот на сите политички партии кон референдумот, отколку дали ќе биде консултативен или задолжителен. 

Во врска со  претстојниот Самит на НАТО, министерката очекува да биде исправена, како што истакнува, неправдата и грешката од 2008 година.

– Тоа што нашата држава го испушти од раце пред 10 години, сега да го земеме, да го искористиме и да обезбедиме нова шанса за Македонија, порачува министерката.