Оваа влада и ова мнозинство не се мешаат во работата на Обвинителството и судството, рече заменик-претседателката на Владата Радмила Шекеринска.

-Ќе направиме сè да не дозволиме поделеноста да се пренесува на следните генерации, но порачавме и дека оваа влада и ова мнозинство нема да се меша во работата на Обвинителството, нема да се меша во работата на судството – рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ (Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски) случајно оваа недела беа ослободени од домашен притвор и дали без нивниот глас во Парламентот во петокот ќе било обезбедено двотретинското мнозинство за поддршка за измени на Уставот.

За нацрт-амандманите за измени на Уставот, за кои рокот на Владата е 15 дена, таа рече дека ќе се трудат и порано да ја завршат задачата.