Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од денеска во Брисел, во седиштето на НАТО учествува на дводневниот состанокот на Северноатлантскиот совет, на ниво министри за одбрана.

Од министерството потсетуваат дека ова е второ учество на министерката Шекеринска на министерски состанок во овој формат, со што Република Македонија стана и активен учесник во функционирањето на Алијансата.

Во Брисел, министерката Шекеринска ќе има билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и Полска.

По дводневниот министерски состанок, министерката Шекеринска ќе учествува на Бриселскиот форум организиран од Германскиот маршалов фонд, каде ќе се обрати на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста.