Стартот на изборната кампања носителката на листата во Петтата изборна единица, актуелната министерка за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, ја почна од Битола.

Таа денеска придружувана од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, како и од кандидатите за пратеници на СДСМ од Битола, Горан Козаров, Бисера Костадиновска Стојчевска и Петар Николовски, го посети Офицерскиот дом каде изврши увид на реконструктивните зафати.

Очигледно задоволна од тоа како се одвиваат работите, Шекеринска рече дека се надева оти наесен битолчани ќе влезат во реновираниот Офицерски дом, кој долги
години беше грдото лице на Битола, оставен на забот на времето да пропаѓа. М.М.