Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на првиот работен ден од преземањето на функцијата оствари средба со претставници на синдикатите во државата.

– Еден од Законите кои ќе го одбележат периодот на менаџирање со Министерството за труд и социјална политика ќе биде Законот за работни односи, како системски закон, кој последен пат е донесен 2005 година и иако до денеска има претрпено измени, покажа бројни слабости за проблемите со кои се соочуваат работниците – истакна министерката.
Таа посочи дека во социјалниот дијалог ќе бидат вклучени и работодавачите како партнери.

– Во време во кое се соочуваме со коронакризата која има сериозен импакт и во економијата, приоритет на нашата Влада е зачувување на секое работно место и силна поддршка на компаниите како најпогодени од кризата – нагласи Шахпаска.

Двете страни се согласиле на целосна соработката во периодот кој следува, низ дијалог, размена на идеи и решенија за предизвиците со кои се соочува оваа област.