Потребни ни се мирни и фер парламентарни избори во државата за отпочнување преговори и за европскиот пат. Ова во Прилеп го посочи министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, по посетата на ОВР Прилеп.

Според него овие избори се со висок политички ризик и затоа акцентот ќе биде ставен на спречување изборни нерегуларности, поткуп, семејно гласање, контрола на текот на кампањата и овозможување на избирачкото право на граѓаните.

– МВР и ДИК изработија заеднички спот. Со него и со постери превентивно ќе ги информираме граѓаните – рече министерот Чулев.

Тој посочи дека во Прилеп има намалување на криминалитетот, дека е зголемен процентот на откриени имотно кривични дела како кражби, палежи, од областа на економскиот криминал за што се поднесени крвични пријави до ОЈО Прилеп. Ка.М.