Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски и Властимир Алексовски, член на општинската организација Куманово, се четворицата кандидати за претседател на СДСМ.
Денеска во 16 часот истече рокот за поднесување кандидатури до партиската изборна комисија за внатрепартиските избори кои ќе се одржат на 12 декември.
Изборот на нов лидер на СДСМ следува откако Зоран Заев по поразот на локалните избори поднесе оставка. Toj најави дека по изборот на нов лидер на партијата ќе се повлече и од премиерксата функција, а новиот претседател на СДСМ треба да биде мандатар и премиер во новата Влада.
Постапката за кандидирање почна на 27 ноември и траеше седум дена.