Беше навистина тешко да се направи компромис кој задира и во нашиот национален идентитет, порача поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски на дебата во Подгоричкиот клуб, во рамките на 27-от „Копаоник бизнис-форум во Србија.

Тој потсети дека спорот со Грција бил пречка за почеток на преговорите со ЕУ и пред 10 години и покрај препораките од Унијата.

– Преспанскиот договор го направивме единствено за да ги деблокираме европските интеграции – категоричен е Црвенковски, нарекувајќи ја спогодбата „горчлив тежок компромис“.

Поранешниот претседател додаде и дека ЕУ не држи до својот збор.