Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште пат да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Софија и додаде дека се уште не сме во позиција да говориме за договор.

– Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори, со цел ако е можно повторно да се сретнеме на почетокот на следниот месец – рече Ципрас.

Грчкиот премиер откри дека вчера доцна вечерта до речиси раните утрински часови разговарал со неговиот македонски колега во пријателска и опуштена клима.