Грчкиот премиер Алексис Ципрас преку социјалната мрежа Твитер упати честитки до македонскиот колега Зоран Заев, по обезбедената поддршка за имплементацијата на Договорот од Преспа во Собранието.

– Честититам пријателе Зоран Заев! Вечерашното гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех. Многу значаен чекор кон мирна и пресперитетна иднина на нашите народи – напиша Ципрас на Твитер.