Атина и Скопје постигнаа историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Носам добри вести. Пред малку стигнавме до договор со премиерот на поранешната југословенска Република Македонија – му рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на претседателот Прокопис Павлопулос на почетокот на нивната средба во претседателската палата за да го извести за постигнатиот договор.

Тој истакна дека договорот е за сложено име со географска одредница, за севкупна употреба ерга омнес што предвидува уставна ревизија.

– Среќен сум бидејќи имаме договор што ги покрива сите предуслови што ги постави грчката влада – рече Ципрас.