Ципрас: Кога ќе има придобивки, сите ќе ја сфатат штетата што била нанесена

Фото: Игор Бансколиев

Кога ќе успееме да го зголемиме приливот на туристи, да унапредуваме и проимовираме важни проекти, како оние од железничкиот сообраќај и патниот сообраќај, тогаш постепено сите ќе почнат да сфаќаат. Тогаш сите ќе ја сфатат штетата која била нанесена изминатите децении, одговори грчкиот премиер Алексис Ципрас на прашање од новинар од грчката национална телевизија, во однос на тоа како ќе се убеди народот дека ќе има корист од Преспанскиот договор.

Договорот од Преспа се занимава со прашања поврзани со историските личности, учебниците и трговските обележја и имиња на производите.

– Ве уверувам дека со самото започнување на спроведувањето на договорот, е и негувањето на клима на взаемна доверба помеѓу двете држави и помеѓу луѓето од двете држави. Со упорноста во координирањето на сите активности ние ќе успееме да ги увериме сите во позитивните резултети од овој договор. Моравме да се соочиме со лажните вести кои всушност произлегуваат од лажните вести, но кога ќе успееме да ги зголемиме финансиските трансакции, да креираме нови работни места во двете земји. Кога ќе успееме да го зголемиме приливот на туристи, да унапредуваме и проимовираме важни проекти, како железничкиот сообраќај, патниот сообраќај тогаш постепено сите ќе почнат да сфаќаат. Тогаш сите ќе ја сфатат штетата која била нанесена изминатите децении, во времето кога ние не можевме да седнеме заедно и да ги решиме нашите спорови и проблеми – одговори Ципрас.

Секако за да ги постигнеме овие цели, рече грчкиот премиер, потребни се одредени чекори, ние основаме амбасади, има соработка не само помеѓу министерствата за надворешни работи, туку и помеѓу повеќето министерства во важни сектори.

– Ние продолжуваме со воспоставување на специфични институции коишто ќе вршат надзор врз спроведувањето на Договорот од Преспа, со кој ќе се гарантира спроведувањето на самиот договор. Тие ги предвидуваат начините на кои што ќе се решаваат одредени прашања. Како и да е, договорот од Преспа предвидува воспоставување на експертска група под надзор на Министерството за надворешни работи, што всушност е комитет кој ќе се обиде да ги реши таквите проблеми од средината на мај. Секако, договорот предвидува да се избришат сите иредентистички пристапи и акции и верувам дека сите такви чекори ќе докажат одредени нешта во иднина, но има луѓе коишто никогаш нема да бидат убедени со аргументите коишто ги даваме, или пак со реалноста – рече Ципрас.

Имаме луѓе во грчката провинција Македонија, истакна Ципрас, коишто велат дека не сакаат да го поддржат овој договор. Нашите противници, истите тие луѓе имале претприемачки бизнис, тука во вашата земја, во минатото.

– Мораме да ги увериме сите, дека мислиме добро. Спомениците коишто се однесуваат на античка Македонија и нивното распоредување, како и специфично обележување и именување на тие споменици, ќе се расчисти дека тие се дел од античкото-грчко минато и од грчката култура, што е всушност светска култура. Грција е важна земја, особено кога ги отвора своите крилја, кога полетува. Тие споменици се светска историја, му припаѓаат на светот. Нам ќе ни биде мило кога ќе ги ставите имињата, тоа ќе расчисти дека тие споменици се дел од античката-грчка цивилизација. Тоа се чекорите кои ќе создадат позитивна клима- рече Ципрас. Ма.М.