Грција за првпат на толку решителен начин се обидува да најде заемно прифатливо решение за името, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас, по средбата со претседателот на Европската комисија(ЕК), Жан Клод Јункер.

– Ова го покажуваме обидувајќи се, по првпат, на толку решителен начин да најдеме заемно прифатливо решение во прашањето со името на поранешната југословенска Република Македонија со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение – рече Ципрас.

Тој додал дека Грција во последните години покажала дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија(ЕУ) во иднина да ја надгради нејзината меѓународна и регионална улога како сила на мир, стабилност и безбедност.