Во рамки на продолжението на 12-та седница, Собранието денеска расправаше за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка.

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги образложи законите за основно и за средно образование, потсетувајќи дека за законот за основно образаование се дисутирало на комисијата. Таа смета дека сите одредби од предлог-законското решение и измената на законот за основно образование се јасни.

Царовска посочи дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности, туку дека ваквата платформа ќе биде корисна и за учениците и за наставниците, со осовременување на образовниот систем.

Пратеничката Благица Ласоска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека нивните амандамни се однесуваат на тоа дека Владата треба учениците да им обезбеди компјутери и интернет во основните училишта, што не било прифатено. Пратениците од опозицијата укажуваа на недостатоците во образованието, посочувајќи дека 40 илјади ученици немаат компјутери.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 16 часот и најави дека пратениците ќе работат и по 18 часот.