Во просториите на Министерството за култура денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, меѓу досегашниот министер Асаф Адеми и новоименуваниот министер Хусни Исмаили.

Досегашниот министер Адеми на новоизбраниот министер Исмаили му посака добредојде и успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура.

Новоименуваниот министер Исмаили вети дека ќе продолжи да ја имплементира програмата на Владата заложувајќи се за спроведување на проектите од областа на културата во интерес на сите граѓани во Република Македонија.

Асаф Адеми беше министер за култура од јуни 2018 година.