Истражувањата покажале дека одредена храна, при редовно земање, може да ја намали веројатноста за навлегување на вирусот во организмот, како и неговите деструктивни ефекти

Истражување за поврзаноста на исхраната и заразата со ковид-19

Француските научници дојдоа до заклучок дека во многу земји стапката на смртност од ковид-19 е пониска поради специфичноста на нивната национална кујна. Истражувањата покажале дека одредена храна, ако редовно се зема, би можела да го намали навлегувањето на вирусот во организмот, како и неговите деструктивни ефекти.
Некои од намирниците имаат функција на природен штит од вируси. Овој факт го открија француски истражувачи, кои се прашувале зошто во некои земји стапката на заразени и смртни случаи од ковид-19 се значително пониски отколку кај нивните соседи.
На пример, во Иран стапката на смртност е висока, додека значително е пониска во соседните Турција и Туркменистан. Во Германија, бројот на пациенти и смртни случаи е помал отколку кај нејзините најблиски соседи, а Јужна Кореја е лидер во овие индикатори во нејзиниот регион.
Група од 25 научници, предводени од д-р Жан Буск професор пулмолог при Универзитетот во Монпелје, (поранешен претседател на Светскиот сојуз за борба против хронични респираторни заболувања, СЗО), се посвети да идентификува што е заедничко за земјите со најмал број на случаи. Земајќи ги земјите со најниска стапка на смртност во споредба со нивните соседи (Турција, Грција, Бугарија, Германија и Јужна Кореја), истражувачите откриле вообичаени елементи на исхрана во тие земји.
Жителите на Турција, Грција и на Бугарија редовно пијат јогурт и кефир, кои се „жив штит“ против вирусот.

Се разбира, до одредена мера, ферментираните млечни производи се вклучени во исхраната на сите народи, но во овие земји ова се прави редовно, независно и како дел од другите јадења.
Неочекувано, заедничка ставка се појави на менито на Германија и на Јужна Кореја. Се покажа дека и во двете земји, при редовната диета ја вклучуваат и храната што содржи кисела зелка, како кисело млеко, кои создаваат заштитна бариера за навлегување на вирусот во организмот.
Според професорот Буск, малку внимание е посветено на регионалните разлики во исхраната поради ширењето и сериозноста на вирусот. Додека од друга страна, промените во исхраната можат да бидат од голема корист.
„Откривме дека ферментираните млечни пијалоци и киселата зелка можат да ја намалат активноста на ензимот ACE2, кој коронавирусот го користи за влез во клетките“, истакна Буск.
„Јас самиот си ја сменив исхраната. Сега јадам трипати неделно зелка и за појадок пијам кефир“, додаде тој.
Нутриционистката Роза Муталимова објаснува зошто кефирот и киселата зелка се многу корисни.
„Овие производи ги обединува фактот дека се подготвуваат со ферментација, односно со ферментација и закиселување. Ова е најстар начини за чување храна, кој е откриен уште во времето кога фрижидерите не постоеја. Во Европа, тие подготвуваа зелка како резерва со ферментација, со други зборови: ја влошија. Исто така, павлака, урда (руско младо сирење) и сирење. Во Кореја, „кимчи“, кисел зеленчук со зачини во кој доминира зелката, се ферментира подолго време.

Постојат многу ферментирани производи, има некои видови во секоја национална кујна, но сите тие се приготвени на различни начини. Сите ги обединува присуството на квасец, што е коктел што содржи добри бактерии, најчесто лактобацили. Овие се хранливи бактерии: за време на ферментацијата, тие се борат против опасните микроорганизми, како што е ешерихија коли. Но факт е дека за време на термичката обработка, живите бактерии умираат. На пример, во тестото подготвено со квасец, сепак, има бактерии, но не и во печените производи за кои се користат. Така, живите бактерии со хранливите материи постојат само во такви ферментирани елементи на диета, како млечни производи (јогурт, кефир итн.) и во кисела зелка.
Во Туркменистан се користат овчото и млекото од камила, од кое, како резултат на ферментација, се добиваат пијалаци за кои луѓето сметаат дека се „лековити“, па дури и „магични“.
Улогата на корисните бактерии во нашето тело е многу важна: во зависност од нивниот број, нашиот имунолошки систем реагира на патогените. Едноставно кажано: колку повеќе корисни бактерии имаме во цревата, толку сме поздрави.
Заклучоците од француските научници се потврдени и со факти дека во Казахстан и во Туркменистан бројот на пациенти и смртни случаи од ковид-19 е многу помал отколку кај нивните соседи од Централна Азија.

Факт е дека во овие две земји, од античко време, млечните производи што се приготвувале со помош на млечна киселина, процес на коагулација на млеко и алкохолна ферментација, кои се придружени со цедење, молзење и сушење, имаат важно место во културата на храната. Млечната трпеза на Туркменистан минува низ комплексна биохемиска и физичко-хемиска обработка и на крајот е многу поразновидна од онаа на нивните соседи во регионот: Узбекистан, Таџикистан, Киргистан, Иран и Авганистан. Во исто време, Туркменистан активно користи овчо и млеко од камила, од кои се добиваат пијалаци како резултат на ферментација, за кои народот смета дека се „лековити“, па дури и магични“.
Лековитите пијалаци направени од млеко од камила го прават и Казахстанци од југозападните делови, каде што се одгледуваат камили. Пијалакот го нарекуваат „шубат“. Тоа се подрачја каде што денот не поминува без шубат, при што луѓето се разболуваат многу поретко, а закрепнуваат многу побрзо. Р.Н.М.