„Нејчр комјуникејшнс“ објави откритие за неутрализирачко антитело против ковид-19

Тим од холандски научници откри антитела што спречуваат ковид-19 да навлезе во човечките клетки, што може да доведе до развој на лекови, пренесува „Сајенс дејли“.
Истражувачите од Универзитетот во Утрехт, медицинскиот центар „Еразмус“ и „Харбор биомед“ (ХБМ) изјавија дека идентификувале моноклонално антитело во целиот човечки организам што го спречува вирусот САРС-КоВ-2 да навлезе во клетката.
Откритието, кое е објавено на веб-сајтот „Нејчр комјуникејшнс“, е првичен чекор за развој на целосно човечко антитело за лекување или спречување од ковид-19.
Според коавторот за истражување Беренд Јан Бош, неутрализирачкото антитело има потенцијал да ја запре целосно инфекцијата кај заразеното лице, да помогне во „расчистувањето“ на вирусот или да ги заштити неинфицираните лица што се изложени на вирусот.

– Оваа карактеристика на антителата при вкрстена неутрализација е многу интересна и укажува дека би можело да има потенцијал за ублажување на болеста што е предизвикана од коронавирусот, која би се појавила во иднина – истакна тој.
Антителото што било користено во оваа студија во целост е човечко, што овозможува развојот на лекот да продолжи брзо и да се намалат потенцијалните несакани ефекти поврзани со имунитетот.

Разликата помеѓу целосно човечко антитело и другите антитела е во тоа што другите антитела прво се развиваат кај други видови пред да бидат „хуманизирани“, за да можат да бидат пренесени и на луѓето.
Истражувањето било спроведено со употреба на Х2Л2 трансгенска технологија врз глувци, која им овозможила на истражувачите да развиваат човечки антитела без тестирање на луѓе.