Холандската амбасада во земјава преку соопштение ги оцени како лажни и целосно неосновани вестите дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Реакцијата уследи по објавата на бугарскиот весник „24 часа“, дека дипломатски извори во Брисел изјавиле оти Данска и Холандија се приклучиле кон бугарското вето за Македонија.

 „Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка“, се наведува во соопштението на холандската амбасада.

– На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот Парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет – гласи ставот пренесен од амбасадата.