Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честита победата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

– Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија. Со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ-агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот што го отворија патот кон почеток на преговорите за членство во јуни – напиша Хан.

Хан додаде дека Северна Македонија може да смета на континуираната поддршка од ЕУ за европската перспектива на земјата, во согласност со аспирациите на народот.