Европскиот комесар за прошурување Јоханес Хан ја поздрави одлуката на македонскиот Парламент да усвои одлука за пристапување кон уставни измени на државата.

– Голем ден за демократијата во Скопје. Им честитам на сите кои се одлучија да тргнат по европскиот пат, Верувам дека слободната волја на сите пратеници е целосно почитувана и особено на оние кои ги надминаа партиските бариери. Треба државништво, а не партиски игри, напиша Хан на Твитер.