Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.

– Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но, не ја смета за безбедна – напиша Хан.

Сепак, Европската комисија сѐ уште не се произнела јавно за овој случај. Што се однесува до Европскиот Парламент, само политичките партии на Зелените и на Социјалдемократите излегоа со реакции. Земјите членки на ЕУ исто така не искоментирале за случајот.