Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев и неговите советници најдоа време да посетат ресторан на популарен синџир за брза храна, каде што јадеа во паузата помеѓу средбите на самитот на НАТО во Лондон.

Заев денеска се обрати на панелот „Разговори – Одбрана и превенција за новата ера“, во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира: Иновирање на Алијансата“. Тој и членовите на македонската делегација за време на самитот ќе остварат и повеќе билатерални средби.

Владината делегација предводена од премиерот учествува на самитот на НАТО, на кој денеска и утре ќе се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата.