Педро Санчез доби поддршка да формира влада

Лидерот на социјалистите Педро Санчез доби поддршка од парламентот на Шпанија за формирање на коалициска влада, со што е ставен крај на безмалку едногодишната политичка криза во државата.

Формирањето на шпанската влада го отвора патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО на Македонија, која ќе стане 30-та членка на Алијансата.