Флорим Бесими пратеникот од редовите на ДУИ, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, поради како што вели избегнување на можен конфликт.

– Ценети сопартијци, активисти, шефови на локални општински штабови,Заедно на овие избори направивме голем исчекор и издвоивме историска победа. Морално сум обврзан да дадам едно пријателско објаснување, околу ангажираноста, и вашата неуморна работа на терен за големата победа на Демократската Унија за Интеграција во секое населено место и во секој град. Заедно успеавме да покажеме беспрекорна организација, дух и мобилизација.За мене претставува посебна чест и одговорност да ве претставувам во Собранието, но околностите денес ми наложуваат да донесам сосема друга одлука – вели тој во соопштението.

– Особено сум горд што вашиот глас допринесе за реализација на најдобриот коалициски договор, што ние како политички субјект досега сме го имале, вклучувајќи ја идејата за прв премиер албанец. Овој договор го оценија како историски сите релевантни албански политички фигури.

Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и вољата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието ма РСМ, со цел да се ибегне можен конфликт на интереси со мојот глас во собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слобота воља на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координавија со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието.

Големите историски договори за доброто на народот, се над мојот пратенички мандат. Се враќам во служба на граѓаните, таму каде можам повеќе да допринесам, во мојота професија, во мојот град. Господ да ве благослови и посакувам заедно да постигнеме уште повеќе, во прилог на нашата заедничка благосостојба. Ви се заблагодарувам на вашата подршка и доверба – се додава во соопштението на Бесими.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата вчера предупредија дека пратеникот на ДУИ, Флорин Бесими нема да може да гласа за изборот на новата влада, бидејќи неговиот брат, Фатмир Бесими, е кандидат за министер за финансии.