Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговата официјална фејсбук-страница.Тој им се заблагодари на сите гласачи, медицинските работници и на сите вклучени во организацијата на изборите.

– Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи – покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколи и мерките за заштита. Голема благодарност и до сите медицински работници, членови на избирачките одбори, комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите. Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно – со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите – се вели во објавата на Филипче.