Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки, смета министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на Фејсбук напиша дека тоа што Заев и неговиот тим го постигнале во ЕУ интеграциите е за најголема почит.

– Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија – напиша Филипче.

Досегашните политики на отвореност и дијалог, додава тој, решија децениски спорови и така мора да продолжиме.