Нова средба помеѓу Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, ќе се одржи утре попладне.

На средбата се очекува да се преговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернава инсистира да се најдат во евентуалната идна владина програма.

Гаши очекува две министерски места, како и директорски места, дел и од оние со кои раководи ДУИ.

Средбата доаѓа откако Гаши во петокот доби зелено светло да ги продолжи преговорите со Заев.